Поради минирање, ќе има прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид.
„Илинден АД“ Струга известува дека ќе изведуваат градежни активности (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид, делница Пресека – Врбјани. Во периодот од 12:00 – 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. Минирањето може да се изведува двапати во наведениот временски период.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Струга-Дебар-Маврово, Катланово – Велес, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
