19 годишник фатен со дрога во ранецот

Момчето е од струшкото село Биџево.

Синоќа во 21.20 часот на регионалниот пат Струга-с.Радожда, полициски службеници запреле патничк возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Велешта, струшко, во кое како сопатник бил А.О.(19) од с.Биџево, струшко.
При преглед на А.О., во неговиот ранец, биле пронајдени и одземени кеси со марихуана и кеса со прашкаста материја. А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани