2019 рекордна година со натрпосечно високи температури

Следната година ќе биде 19-та рекордна година во која температурите ќе бидат повисоки од просечните.

 

Според раните прогнози кои доаѓаат, изгледа дека следната 2019-та година ќе биде рекордна што се однесува до температурите, предвидуваат научниците. Температурата ќе порасне за повеќе од еден степен и така ќе се доближи до рекордната температура од 2016-та година, кога се забележани температури повисоки за 1,5 степени од периодот 1850-1900-та година, што е основа за мерење на глобалното затоплување.

Климатските промени го предизвикуваат тој раст на температурите, но и благото загревање кое го поттикнува Ел Нињо, кое ќе влијае на температурите.
Прогнозите кои ги подготвил “Мет Офис” на крајот од 2017-та година за оваа, се покажале блиску до температурите кои сме имале можност да ги почувстуваме. Овие предвидувања за топли и рекордни години го продолжуваат досегашниот тренд.

“Нашите прогнози предвидуваат дека кон крајот на 2019-та година ќе ја забележиме 19-тата година која урнала рекорд според температурата”, рекол Адам Скаиф од “Мет Офис”.
Нагласуваат дека петте најтопли, рекордни години, се забележани од 2015-та година.

“Сите тие години биле околу еден степен потопли од пред индустрискиот период”, нагласува Даг Смит од “Мет Офис”.

Последните предупредувања за топлите години доаѓаат откако Светската метеоролошка организација открила како 2018-та била меѓу најтоплите некогаш забележани, а потопли од неа биле само 2015, 2016 и 2017-та година, пишува Точка. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани