24-ти Републички спортски натпревари на пензионерите

Неодамна, поточно на 20 септември 2019 година ( сабота-недела),во Радовиш,се одржаа 24-тите Републички спортски натпревари на пензионерите на Македонија.


Во Радовиш на натпреварите каде што учествуваа 504 учесници,пензионери спортисти од 240 жени,меѓу нив и седум од Струга,и 264 мажи,кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини,во екипна и поединечна конкуренција.Струшките пензионери-спортисти,освоија две втори места:жени шах и жени шутирање на мали голови.Од струшките екипи,најдобар успех постигна Шенка Балтоска во шах за жени и жените спортисти за шутирање на гол во мал фудбал и се вратија закитени со сребрени медалји.
Струшките пензионери,кои во саботата во попладневните часови се упатија кон крајната дестинација – Радовиш.Попатно направија неколку кафе паузи,Прилеп,Плетвар –Росоман и во вечерните часови пристигнаа во градотСтрумица,каде што ги привлече манастирскиот туризам што внимателно на пензионерите – намерници ја посетија Струмица.А во него комплексот цркви кои биле центар за едукација во времето на словенскиот учител Методиј.Низ него поминуваат две реки:Стара река и Сушица.
Богатството на шумскиот фонд,разновидноста на флората и фауната,чиста и здрава околина,конфигурацијата на теренот,реките и вештачките акумулации го прават регионот атрактивен за рекреативно – спортскиот,ловниот и селскиот туризам.
Во вечерните часови се сместија во прекрасно уредехото зеленило,меѓу цвеќињата тишината,во манастирот на светите Тивериополски свештехномаченици.
Утрото во неделата,по посетата на именованиот манастир,пензионерите спортисти предводени од преседателот на ЗП-Струга Милорад Трпоски и председателот на комисијата за спорт и рекреација Иван Хаџиев,патот го продолжија према Југосточниот регион,поточно каде што тој ден сите патишта водеа Кон Радовиш,со население од 16 223 жители.Градот во Југоисточниот дел од Република Македонија.Втор по големина во овој регион,сместен во подножието на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката коптлина.Радовиш е познат по Црквата “Св.Тројца“,крстот на Радовиш,планината Плачковица,Рудникот Бучим,Електротехничкиот факултет и Радовишкиот Сомун.
Освежени и одморени струшките спортисти се упатија кон спотрско рекреативниот центар 25 мај,каде што ги одмерија силите со останатите пензионери на Македонија.По добро организираните натпревари од страна на домаќаќинот ЗП-Радовиш и СЗПМ,каде што претседателката на Сојузот ги поздрави пензионерите им посака фер спортски натпревари да победи најдобриот.Средбите завршија со заеднички ручек со останатите пензионери,каде што беа поделени и наградите и се забавуваа со прекрасните звуци на ресторанската музика.По истата лобрата рута,пензионерите се вратија во Струга.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани