30 килограми дрога запленета кај Дебар

Во синоќешната акција, дебарската полиција запленила 30 килограми марихуана.

Синоќа околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар-Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М.(63) од скопско Арачиново.
-При преглед на возилото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. Ќ.М. е приведен а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц.(41) и А.М.(45), изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека по наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани