33 пловила од струшкиот едриличарски изгореа во пожарот

Пожарот во Едриличарскиот клуб предизвика милионски штети.

Во пожар што попладнево околу 17 часот избувна на машата плажа во центарот на Струга, целосно изгоре хангарот на Едриличарскиот клуб „Снегар“.
Пожарот е локализиран, а во пепел отидоа 33 пловни објекти, 4 мотори и целокупната документација на клубот.Споре одредени информации, штетата може да изнесува и до 300 000 евра. Од пожарот двете противпожарни екипи успеале да спасат само две едрилици. Брзата интервенција на Струшките пожарникари спречи поголема катастрофа, и не дозволи проширување кон други објекти. Нема повредени цивили, а еден пожарникар е хоспитализиран поради труење од чад. Командирот на Територијалната против-пожарна единициа Ристе Талевски за МИА информира дека е опожарен цел хангар каде што беше сместен Едриличарскиот клуб и предизвикана е голема материјална штета.
– Интервениравме со две против-пожарни возила и 13 пожарникари. Предизвикана е огромна материјална штета, но за среќа нема повредени цивили. Поради вдишување чад еден пожарникар е хоспитализиран, изјави Талевски.

Social profiles