Речиси половина од учениците во струшко одат во училиште. Голем дел од професорите и наставниците се обидуваат да реализираат настава, но 62% од членовите на синдикатот и натаму да штрајкуваат.
Па затоа дел од часовите се реазлизираат, но дел се губат, а половина од учениците воопшто не одат во училиште.
Директорите на училиштата велат се обидуваат да воспостават настава во интерес на учениците, особено за матурантите за кои се пробиени сите рокови.
-„Сето ова оди на штета само на учениците, веќе се пробиени сите рокови и во однос на државната матура, не се одржани нити класните совети, учениците не се оценети. Апел еден поголем до учениците, родителите и наставниците да излеземе во пресрет на учениците“, вели Кети Јанкоска директор на „Нико Нестор“ Струга.
Од Регионалниот СОНК велат и покрај притисоците од власта сложни се да издржат до остварување на своите барања, децидни се штрајкот продолжува.
– „Има притисоци и тоа да ви кажам не се дирекни, се базираат на апели дека се грижат повеќе за децата од нас кој го поминуваме времето со нив. И едно да ви кажам никој не ги сака децата повеќе од нас тоа да ви е јасно на сите“, вели Неби Арифи претседател на СОНК Струга-Дебар.
Несогласувањата и штрајкот предизвикаа образовен хаос. Дел од учениците следат одредени часови, дел воопшто не одат на школо. Не се знае како ќе се надоместат изгубените часови по одредени предмети од професорите кои штрајкуваат, но и учениците кои повеќе од две недели не одат на училиште.
Новинар Соња Рилковска