Црвен крст Охрид ќе спроведе обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост.
Согласно Јавниот повик за финансиска поддршка на верифицирана организација/институција која ќе спроведе обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост, донесов решение за избор.
➡ За организација/институција која ќе ги спроведе обуките е избран Црвен крст на Република Македонија.
➡ Целта е да се придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.
➡ Личниот асистент на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицето со попреченост во неговото осамостојување, согласно неговите индивидуални потреби, информира градоначалникот Пецаков.
