3800 инспекциски надзори во Струга

Пазарниот инспекторат  и полицијата во Струга  секојдневно вршат контроли.

Во првите три месеци од годинава извршени се 3800 инспекциски надзори, а   регистрирани се  само 17 прекршоци од кои  едeн  се однесува на прекршување на здравствените протоколи.

Угостителите  и граѓаните се  подисциплинирани, во однос на лани. Нема пречекорување на работното време, ниту пак се организираат масовни  прослави во угостителските објекти.

– „Не се затекнале такви прослави, свадби и слично. Значи оваа година е многу помирно и повеќе се почитуваат протоколите.0228 За непочитување на потокол имаме една казна,   по закон за заштита од заразни болести се гледа големината на фримата , во овој случај казната е 7 000 евра и решене за забрана за работа“ , вели Шппендим Илјази раководител на Пазарниот инспекторат одделение Струга .

Граѓани пишуваат на социјалните мрежи дека свадби  со стотици гости оваа пролет се прават по струшките села во семејните дворови.

– „Ние немаме надлежност таму , ние имаме надлежност само во угостителските објекти таму е надлежна полицијата. Немаме законска можност да вршиме такви контроли“, додава Илјази.

Минатата година пазарните инспектори   во струшко   поднесоа  36 кривични пријави  за угостителите, кои не ги почитуваа протоколите. Непочитување на работно време и недоволна дистанца помеѓу масите биле  најчестите прекршоци. Лани имало угостители кои по три пати заработија казна , годинава  нема   повторување на  прекршоците.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани