Приведените го прекршиле полицискиот час.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 16 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-07, Кичево-09).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 57 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-29, Кичево-28). Во овој период, во Охрид регистрираи се четири прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 и против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

