Страотна била глетката од сообраќајката.
Вечерва околу 18 часот, тешка сообраќајка се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Арбиново, општина Дебарца. Сообраќајната незгода ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој кажа дека во моментов полицијата врши увид на местото на несреќата. Димоски, повеќе информации најави за утре претпладне.
