89 прекршоци за неносење заштитна маска

Најмногу казни во Охрид и Кичево.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-29, Струга-18, Кичево-29, Дебар-13).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, изјави портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски.


Димоски кажа дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 10 контроли врз угостителски и други објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани