Сообраќајка помеѓу автомобил и велосипедист на „15 Корпус“.
На 13.08.2020 година во 07;25 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу велосипед марка „VILLIGER“ , управуван од Ж.Т.(76) од Охрид и автомобил „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ж.К.(23), од охридското село Лескоец. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој е пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид извршија полициски екипи и судски вештак, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.