9 нови случаи на корона во Струга, 3 во Охрид

Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 46 – Куманово 6 – Штип 6 – Прилеп 2 – Тетово 17 – Струга 9 – Велес 3 – Битола 1 – Охрид 3 – Кавадарци 1 – Гостивар 1 – Струмица 1 – Свети Николе 1 – Ресен 6 Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти. – Скопје 10 – Прилеп 2 – Тетово 1 Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани