Супер Радио и професорката Крстаноска добитници на Светиклиментова повелба

Годинашни Добитници на Повелбата се проф. д-р Ангела Крстаноска- Василевска и Супер Радио.

Проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска е родена 1971 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во својот град. Природно математички факултет завршува на универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2002 година успешно го брани магистерскиот труд, а во 2007 година ја брани докторската дисертација по биотехнички науки. Вработена е на факултетот за туризам и угостителство од 2001 година.
Покрај наставните и истражувачките активности на матичниот факултет таа учествува на бројни конференции во земјата и странство каде го афирмира Охрид и неговите потенцијали како развиен туристички центар. Преку повеќе проекти успеа да даде голем придонес за развивање и организација на насоките за гастрономија и хотелско ресторански менаџмент со кои раководи.
Благодарение на проф. Д-р Ангела Крстаноска Василевска факултетот за туризам и угостителство располага со најмодерна и најопремена кујна финансирана од грантови а вклучена е и во други проекти преку кои се подржува развојот на туризмот во Охрид. Таа потврдила и дека дава голем придонес во внесување новини во неформалното образование и организирање обуки за кадри неопходни за развој на туристичкиот бизнис.
Добитникот на повелбата Супер Радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и е препознатлив бренд на радио новинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија .

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани