Уште еден крадец фатен во Струга, „заработи“ кривична пријава

Струшката полиција, фати крадец кој преку прозор влегол во куќа и украл пари, злато и бела техника. Тој заработил кривична пријава.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на десетти минатиот месец во Струга кога со подесен предмет насилно го отворил прозорот од куќа, влегол во внатрешноста и извршил пребарување по собите. Притоа, пријавениот Т.Н. против правно одзел пари во разна валута, злато, телевизор, разновидна облека, еден мобилен телефон, ДВД, звучници и други поситни предмети, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 120000,оо денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани