Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево се одржа седница на Кривичниот совет по жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски.
Одлуките по жалбите се очекува да бидат објавени во текот на денот.Димовски и Василевски беа приведени во врска со настаните во Собранието на РМ на 27 април годинава.Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.
Извор:sitel.com.mk
