Бигорската обител подготви ново видео посветено на Страдањата Христовои, како вовед до последната недела од големиот пост пред најголемиот православен христијански празник – Воскресението Христово, Велигден.
Овој видео материјал, нуди прекрасна можност нашиот народ да се подготви за претстојните значајни и големи денови, да ги почувствува и соодветно да ги пренесе меѓу ближните. Богослужбите кои се прикажани оставаат силен впечаток меѓу верните, го зајакнуваат нивниот дух, оти како што се вели и во самото видео, тие сите нас нè внесуваат во историските мигови на Христовите страдања, но не само како набљудувачи, туку и како живи учесници, велат од Бигорски за Религија.мк.
