Денеска ќе се гласа доверба на Влада

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 42. седница на која на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата поднесено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

ВМРО-ДПМНЕ, во образложението на барањето,  потпишано од 41 пратеник наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт.

„Оваа Влада наместо да се зафати со решавање на реалните потреби на граѓаните на Република Македонија, како што ветуваа во предизборието, работи исклучиво за остварување на партиските потреби и интереси“, стои во барањето за гласање недоверба.

Во образложението се критикува дека и покрај тоа што ветила, Владата без консултации со опозицијата, пратениците и претседателот врши класично распродавање и негрижа за прашањата од национален интерес. Како пример посочува на Договорот за Бугарија, со кој оваа земја, според нив, може да ја блокира евроатланската интеграција на Македонија. Владата, според опозициската партија нема никаква стратегија ниту градење на државен консензус во однос на спорот со името со Грција и прашањето за името.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани