Од 4ти до 7ми мај полициските единици ќе ја покажуваат својата спремност пред граѓаните.
Во пресрет на Денот на полицијата ќе бидат организирани низа показни вежби и ќе биде изложена опремата со која располага МВР.
-„Полицијата ги известува жителите на Штип и Охрид дека во наредните денови ќе бидат употребени техничко тактички средства како дел од подготовката на настанот и ги замоли граѓаните да имаат разбирање за можната бучава“, велат од МВР.
Изминатите два дена на градското пристаниште летаа хеликоптери, пукаа пиротехнички средства се бркаа чамци. Охриѓани реагираа на бучавата особено кога градот е полн со туристи.
-„Туристите се вознемируваат. Пукаат бомби, се гледа полиција врева. Исплашени бегаат. Им објаснуваме дека е вежба но сепак не е коректно овие денови кога градот е преполн со туристи да се прават вежби во строгиот центар. Има посоодветни локации“, велат граѓани за Охриднет.
