Кенеди доаѓа во Струга

Струга се подготвува да го пречека Иниго Кенеди.

Во организација на Дримон и Десонанц Фестивал, на свое прво гостување во Македонија и Струга доаѓа светски познатиот музичар и продуцент, Иниго Кенеди.Тој ќе настапи на 15-ти јуни во 22 часот на техно музички перформанс што ќе трае 12 часа.Иниго ќе настапи на сцена во големиот Хангар во склоп на Центарот за култура во Струга, додека на летната сцена ќе биде сместена зоната за одмор и релаксација. И тука, организаторите предвидуваат настапи на неколку домашни музичари. По настапот на англискиот музичар, техно забавата продолжува на брод и ноќно крстарење по езерото.
Иниго Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Fabric, Berghain, Bassiani, Tresor и сл.Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како Token, Semantica и неговата сопствена издавачка куќа Asymmetric. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани