Се множат заканите кон полицајците

Зачестија заканите упатени кон полицајците.

Во Струга деновиве се случи уште една закана кон полицаец.Надворешната канцеларија Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“. На 03.04.2018 година во Струга на улицата “Пролетерски Бригади” при преглед и сообраќајна контрола на возило, сопственост и управувано од пријавениот, истиот одбил да го прими издадениот налог и им упатувал закани по животот на двајца полициски службеници. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани