Министерот за економија Крешник Бектеши денеска е во работна посета на Струга.
Во струшкиот хотел „Дрим“, денеска ќе се одржи работен состанок помеѓу министерот за економија во владата на Република Македонија и туристичките работници од Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови-ХОТАМ. Тема на денешната средба се подготовките за претстојната туристичката сезона,мерки за посилна и подобра соработка, реалните проблеми и потреби на ХОТАМ.Предвидено е, двете страни да се информираат и за интересот на граѓаните за користење на мерката на Владата за подршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, која е објавена од страна на Министерството за економија со рок за аплицирање до 31 мај оваа година.
