Анкетите покажуваат дека судовите и медиумите во Република Македонија имаат ниска доверба кај граѓаните.
На дводневната работилница во Охрид денес беше речено дека законите во Република Македонија се добри, но дека главната бариера во нивното спроведување е човечкиот фактор.
.jpg)
– „Судството мора да биде отчетно, транспарентно, одговорно. Пристрасноста, арбитрарноста, несоодветното политичко влијание и беззаконитоста треба да се избегнуваат. Граѓаните имаат право да очекуваат и да бараат кредибилни и веростојни информации од владата и власта, вклучително судската власт да биде отворена за контрола“ истакна Дејвид Стивенсон.
Од Здружението на судии на Македонија велат не смее да се дозволи транспарентноста да ја наруши приватноста.
.jpg)
„Меѓутоа од друга страна го имаме и другото прашање, а тоа е балансот кон приватноста. Дали поширокиот јавен интерес е од поголемо значење за сметка на заштитата на приватниот интерес, особено во предметите кои што во овој момент се водат од СЈО и постапките на Одделот за организиран криминал во Основниот суд- Скопје“, изјави Лазар Нанев, судија во Основен суд Кавадарци.
Во сите земји, судството и медиумите се темел на демократијата, оние кои треба да ги ограничат злоупотребите на власта и да ги заштитуваат интересите на граѓаните.
