Преку регионален пазар до пониски цени на електричната енергија.
Во моментов цената на електрична енежргија е повисока отколку во високоразвиените западноевропски земји.
„Единствениот пазар на електрична енергија е најдобар начин за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот, производители, снабдувачи, трговци, затоа што за сите учесници важат истите услови, односно правила. Конкурентноста создава простор за технолошки иновации и нови вложувања кај сите учесници“, изјави премиерот Зоран Заев.
.jpg)
„Регионалниот единствен пазар на електрична енергија е важен заради тоа што тоа ќе овозможи да имаме пред се конкурентност на пазарот, да имаме либерализиран пазар не само во Р. Македонија, туку во целиот регион, а крајната цел на сега таа работа е да се намалат цените на електричната енергија во регионот и тие да ги достигнат цените кои што се во Европа“, смета вицепремиерот Кочо Анѓушев.
.jpg)
„Формирањето на пазарот на електрична енергија во крајна линија има цел ма дефинитивно пониска цена за крајните потрошувачи, за граѓаните на Р. Македонија. Всушност интенцијата на владата е токму во таа насока, а исто така ние како земја што се стреми кон ЕУ мора да се придржуваме до препораките на ЕУ“, вели Сашо Василески, генерален директор на МЕПСО.
Форумот во Охрид е првиот чекор кон остварување на таа цел, која ја зацртаа девет земји од регионот.
