Ветеринарна комора на Република Македонија е домаќин на Меѓународната конференција на Вишеградската Вет + група која ќе се одржи денеска и утре во Охрид.
Претседателите на ветеринарските комори на Македонија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Србија, Босна и Херцеговина – Република Српска, Албанија, Бугарија и на ветеринарната комора на германската сојузна држава Баварија учествуват во работата на Меѓународна конференција на т.н. „Вишеградска Вет + група“, што од вчера се одржува во Охрид.
Претседателот на Ветеренарната комора на РМ д-р Томислав Николовски изјави дека моментално во Македонија нема конкретна опасност од појава на одредени заболувања кај животните, како што беше случајот од пред неколку години со синиот јазик и јазлестата кожа кои направија големи економски штети во сточарството.
Најголема потенцијална закана што и се заканува на, што од Исток се пренесува кон континентот. Моментално најблиска точка до Македонија на болеста е регистрирана во Унгарија. Проблемот со односната болест е што бележи голема смртност, таа нити се лекува ниту постои вакцина за заштита на животните.
– Во подрачја каде не се јавувала болеста бележи огромен леталитет и мораталитет, односно голем број заразени и угинати животни. Тоа што претставува навистина голем проблем во свињарството, особено за развиените сточарски земји. Она што е потребно е мониторинг на болеста, засилена контрола на миграциите кај дивите свињи како преносители на болеста, па доколку е потребно и мерки и активности за отстрел односно проретчување на дивата свинска популација, изјави Николовски за Вечер.
Во рамките на конференцијата вечерва претседателите на ветеринарните комори на Македонија и на Словенија потпишаа билатерален договор, документ што ги формализира односите помеѓу двете институции и ги утврдува формите на меѓусебна соработка.
