Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против две лица од Струга.
-„Тие, казнените дела ги сториле во текот на март и април оваа година со користење подесен алат -хебла но и физичка сила при што отворале влезни врати од маркет, бутик и соблекувална на ОУ сите лоцирани во Струга. По влегувањето, пријавените вршеле пребарување и одземале мобилен телефон,лап топ и облека. Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од околу 154.000,оо денари“, информираат од СВР Охрид.
