Охрид домаќин на парламентарна средба Жан Моне

Во Охрид денеска почнува првата парламентарна средба од процесот Жан Моне.

Процесот Жан Моне е иницијатива на тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.Во Охрид, пратеници од сите пратенички групи, предводени од претседателот на Собранието Талат Џафери и тројцата, потпретседатели, ќе разговараат за прашања поврзани за Деловникот за работа на Парламентот, Етичкиот кодекс, буџетската независност но и други прашања.Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, нема да допатува во Охрид но ќе има видео обраќање до учесниците.
Во рамките на процесот, предвидени се обраќања на тројцата европратеници а утре се очекува на средбата да присуствуваат и лидерите на парламентарните политички партии премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, на Алијансата на Албанците Зијадин Села и од Беса Билал Касами. Доколку се одржи би можело да биде првата средба на лидерите на овие партии, по денешните разговори на Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Самитот во Софија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани