Утре, 18ти мај 2018г. по повод Меѓународниот ден на музеите ќе биде официјално отворена постојаната изложба “Живиот свет од Охридско Езеро” во манастирксиот комплекс Свети Наум.
.jpg)
Диoрамата е поставена на самиот влез од ресторанот “Острово” кој се наоѓа во манастирскиот комплекс во Св Наум.
-„ Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сопствениците од ресторант “Острово” за тоа што ми поклонија доверба да ја изработам диoрамата, а воедно им благодарам и на сите кои ми даваа морална поддршка во текот на изминатите 40тина дена додека траеше препарирањето .Коригирани се и последните детали за свеченото отворена на 18 мај во 12:30ч.Ми претставува чест и задоволство да ги поканам сите заинтересирани да присуствуваат на отворањето “, вели препараторот Васко Јолески за Охриднет.ком.
.jpg)
