Се ближи долг продолжен викенд.
Четири дена одмор од работа. Четврток 24 мај Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, по него следува 25 мај петок Духовден кој е неработен за граѓаните од православна исповед.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2018 година (четврток), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
