Прво обраќање на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид Сашо Донев.
-„Ми претставува огромна чест и задоволство да Ви се обратам како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност.
Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Тоа мора да се почувствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на партиското јадро. Во таа насока ќе се продолжи и во периодот кој следува. Избран е новиот состав на Општинскиот комитет, а во тек е повикот за членови на партиските комисии.
Tимот во наредниот период ќе ги слушне потребите и проблемите на граѓаните. Ќе се слушнат мислења и предлози на секој граѓанин од Општината. Добредојдени ќе бидат и критиките за евентуалните пропусти од минатото и ќе се извлече поука истите да не се повторат. Во новиот тим имa луѓе кои се компетентни во секој момент остро да се спротивстават на оваа ненародна власт која е најголемата несреќа која можеше да и се случи на Македонија.
Во идниот период ќе бидеме меѓу народот обединети околу идејата за силен и просперитетен Охрид заеднички ќе го трасираме патот на новите големи изборни победи.
Поминува нешто повеќе од половина година откако СДСМ ја има целокупната власт во Охрид, а ветениот живот за граѓаните на Охрид никако да дојде. Колку побрзо оваа политичка гарнитура предводена од СДСМ си замине од власт толку побрзо ќе се врати просперитетот и општиот напредок на Охрид и Македонија. 2 јуни е денот кога ќе започне Вашето заминување од власт! Онака како што Ве инсталираа, македонскиот народ ќе Ве деинсталира! Охрид и Македонија повторно ќе победуваат и повторно ќе зборуваме за проекти и развој!
Почитувани сограѓани,
Ви порачувам да споредите што направило ВМРО-ДПМНЕ, и што направило СДСМ во минатото . Вие изберете кој се залагаше за подобар Охрид ценете и одлучете по вложената љубов и труд.
Вратите на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Охрид се отворени ширум за сите коишто се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на Охрид и Македонија“, истакна на денешната прес конференција Сашо Донев.
