Министерот Филипче-дел од „Охрид трчаТ“

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде дел од трката „Охрид трчаТ“.

Со учеството на трката, министерот Филипче практично ќе ја даде својата поддршка за пациентите со ретки болести. Тој ќе трча на трката на 5 километри, во состав на тимот на Лицата со ретки болести.Охрид трчаТ прераснува во вистински спортски промотивен настан при што главна цел ни е да направиме спој помеѓу трчањето, движењето, спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот, велат организаторите.
Охрид трчаТ вклучува неколку трки од професионален и рекреативен карактер, при тоа задоволувајќи го апетитот на повеќе социјални групи и тоа: професионални атлетичари, децата од училиштата, децата од градинките, родители, рекреативци и лица со попречености. Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3 јуни е во тек. Сите заинтересирани можат да се пријават за 5 и 10 километарската трка или тим билдинг трката на официјалната интернет страница ohridtrcat.mk.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани