Во Скопје повеќе гости отколку во Охрид

Иако Охрид е главниот туристички центар Скопје е број еден туристичка дестинација според бројот на туристи.

 

Според државниот завод за статистика во март годинава во Скопје имало 22 489 гости, од кои 3 160 домашни, а 19 329 странски туристи. Во истиот период на езерските места имало 13 830 туристи, од кои домашни се 5 554, а странски се 8 276 туристи.

Според претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески,  причината за тоа е што  Скопје има повеќе настани, концерти, инфраструктура, капацитети, a воедно и пари од цела Македонија се слеваат во градот.

-„Споредба, на брегoт на Охридското езеро има детален урбанистички план за само 10% од брегот. Мора да се изработи ДУП на цел брег. Да се изградат 10 нови хотели за почеток. Трговски центар меѓу Охрид и Струга, нешто како City Mall или некој Outlet како во Инџија, Србија. Сите патишта кон Охрид да се обноват. Аеродромот да има десет летови дневно. Воден регулиран сообраќај на цело Охридско езеро, решавање на паркинг во двата града, Охрид и Струга, воведување на бродски линии до сите населени места на брегот. Мора да има 15.000 легла за да биде прва дестинација. Трендот на зголемување на гости мора да го искористиме за да изградиме нови објекти со поубави понуди, а Скопје има неколку хотели во последните 5 години“- вели Блажески во изјава за Фактор. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани