Во еден проект има, а во друг нема минаре. Надлежните си подметнуваат различни проекти. Не само што е незаконски реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид, туку има и различни проекти, обелоденија денеска од здружението Совест.
Според последниот урбанистички план кој е на сила на Алипашината џамија не е рпедвидена изградба на 32 метри високо минаре. После 8-ми јуни она што досега е направено ќе биде класична дивоградба, вели претседателот на здружението „Совест“, Михаил Трендафилов.

– Претходната власт ги постави темелите, оваа продолжува. Добри сме само ако прифаќаме се, но во случајов претертавте сите и Охрид не може да остане нем. Почитувањето треба да биде обострано. Должност беше, законот налага археолошки да се истражи околниот простор за кој веќе има докази, се уништува бесценето богатство, рече Трендафилов.
Од „Совест“ ја демантираа изјавата на директорот на Комисијата за односи меѓу верските заедници дека во проектот немало минаре.
– Основниот проект по кој се вршат „конзерваторските работи“ има минаре. Институциите како сега меѓусебе да си подметнуваат. Ние не знаеме која документација му е дадена на Сотироски за така да изјави, вели Томе Џамтоски од „Совест“.
– Потсетувам дека во Република Македонија се легализираат објекти кои започнале со градба до март 2011 година. Овде се работи за бесправна градба, не може да се легализира. Конзерваторското решение е издадено на 8-ми јуни 2016 година, па според диспозитивот за речиси две недели изминуваат две години, период во кој требаше да се одобрат сите потребни документи. После 8-ми јуни тоа што досега е направено е класична дивоградба и не може да се легализира, вели Џамтоски.
