130 моторџии од Балканот, вчера го разубавија Охрид.
Вчера, 130 моторциклисти-членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, дојдоа во Охрид.
Тие направија импресивно дефиле низ преполниот Охрид и видно го привлекоа вниманието на охриѓани и на туристите. Моторџиите, откако беа на Св.Наум, гордо дефилираа по Туристичка и пристигнаа на градското пристаниште. Го разгледаа стариот дел од градот а потоа имаа бродска прошетка по Охридското езеро. Денеска во десет часот, моторџиите заминуваат за Струга а потоа преку Дебар до манастирот „Св.Јован Бигорски“.Нивното предвидено дефиле низ централното градско подрачје на Струга е околу 10 часот и 30 минути.За време на дефилето , соодветни безбедносни мерки ќе презема сообраќајната полиција. Посетата на Струга и денешното дефиле е во рамките на третата ИПА мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, со подршка на ИПА регион Охрид и СВР Охрид. Мото средбата започна пред три дена со дефиле низ Скопје од каде, моторциклистите го посетија Крушево, Битола и Охрид.
Претседателот на ИПА регионот Охрид, Стефан Димоски вели дека вчерашното дефиле е во рамките на третата ИПА мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, со подршка на ИПА регион Охрид и СВР Охрид.За време на дефилето, беа преземени соодветни безбедносни мерки од страна на сообраќајната полиција при СВР Охрид, нагласува претседателот Димоски.Инаку, мото-средбата започна пред три дена со дефиле низ Скопје, по што, моторциклистите ги посетија Крушево и Битола.






