Охрид во знакот на милениумскиот јубилеј

Развиорени знамиња, цркви накитени со цвеќиња. Ваква е сликата во пресрет на милениумскиот јубилеј 1000 години Охридска архиепископија што деновиве се одбележува во Охрид. 

 

Централната свеченост ќе се одржи денес и утре –  27-ми и 28-ми мај во Охрид, каде е се` подготвено, за ова милениумско чествување да помине достоинствено и во духот на универзалните хуманистички дејности. 

На централната свеченост со пригоден концерт ќе се приклучи и Македонската филхармонија. Ќе настапи камерниот оркестар во придружба на хоровите од братството на манастирот Рајчица и Св. Јован Бигорски. Диригент ќе биде Борјан Цанев, а ќе се изведат композиции со тематика од македонските тропари.

После литургијата на Плаошник во 17 часот во црквата Св. Софија во 19ч   ќе се случи свечена академија по повод јубилејот под покровителство на Претседателот на Р. Македонија каде свои пригодни обраќања ќе имаат државниот и црковниот врв. Наредниот ден, 28 мај ќе се одржи литургиското чествување коешто ќе биде соборно, а ќе чиноначалствува Поглаварот на Македонската Православна Црква во сослужение на сите членови на светиот архиерејски синод со сите свештено служители и монаштвото на МПЦ.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани