Нов ценовен шок, од денеска-горива поскапуваат за два денари по литар.
Според одлуката на регулаторната комисија, дизелот ќе се продава за 65, безоловните за 73,5 и 75,5 денари за литар.Растот на ценикте на горивата не запира цела година. Лани на 29 мај, според одлуката на Регулаторната комисија безнините биле за 9,5, денари поевтини, а литар дизел чинел дури 14,5 денари помалку.Големиот раст на цената на дизелот се должи на мерката на Министертсвто за финансии да ја зголеми акцизата за 3,5 денари по литар. Мерката стапи на сила на Нова Година, а тогаш дизелот беше за 6,5 денари поевтин од сега.Растот на цените на горивата сепак не се должи на само акцизата туку на цените на светските берзи каде црното злато минатата недела стигна до речиси 80 долари за барел.
