1500 ученици од Охрид дел од одбележувањето на милениумскиот јубилеј

Околу 1 500 ученици од сите основни и средни училишта  во градов се вклучија во  одбележувањето   на 1 000 годишнината од формирањето на Охридската Архиепископија.

Во соодветна облека  со  логото на свеченостите тие претпладнево продефилираа од стариот  охридски чинар  низ чаршијата до катедралната црква Св. Софија. Проектот  е насловен како „Патека на светлината“.

Настанот предизвика воодушевување кај бројни охриѓани и посетители  од земјава и странство.

Чествувањата на јубилејот продолжија денес со црковни свечености.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани