Финиш на подготовките за старт на „Охрид трчаТ“

Во сабота ќе се подигаат стартните пакети за трката „Охрид трчаТ“.

Сите регистрирани учесници на трките од Охрид трчаТ 2018, во сабота од 10 до 20 часот ќе мора да ги подигнат стартните пакети односно стартниот број заедно со нивниот чип, маицата ( подарок од организаторот ) и промотивните материјали.Подигањето на стартните пакети ќе биде на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Организаторите информираат дека при подигањето на старните пакети, регистрираните учесници мора да ја носиат пораката која ја добиле при потврдата на регистарцијата и документ за лична идентификација.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани