Учениците и вработените од ОУ „Григор Прличев“ редовно се вклучуваат во хуманитарните акции кои се организираат со цел за собирање на парични средства, како и на други материјални добра. Меѓутоа група ученици од нашето училиште самоиницијативно се издвоија и покажаа дека хуманото постои во нас.
.jpg)
Под мотото „ПОМОГНЕТЕ ДА СЕ СПАСИ ЕДЕН НЕВИН ДЕТСКИ ЖИВОТ“ за ЕВА учениците од V3 одделение се вклучија во акцијата со тоа што во текот на последните два дена во попладневните часови успеаја да соберат и да донираат 21 500,00 денари.
Оваа акција се уште трае, нека овие ученици ни бидат пример како треба да се помогне. Благодарност кон овој нивни гест, информираат од училиштето.
.jpg)
