Работилница за заштита на домашното магаре

Здружението на граѓани „ЗГ БУША – Скопје“, како имплементатор на проектот Заштита на домашното магаре, финансиски подржан од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови за 2017 год. организира  работилница на тема “НАЧИНИ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОМАШНОТО МАГАРЕ”.

На работилницата презентации ќе имаат проф. д-р Ѓоко Буневски, од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и м-р Зоран Салтамарски, проектен координатор. Презентација ќе има и г-дин Роберт Шиникоски, од с.Велестово, Охрид, каде е формирана и првата фарма со матично стадо од домашни магариња во Македонија.
Работилницата ќе се оддржи на 09.06.2018, со почеток во 11:30 во село Велестово, Охрид, каде на лице место ќе биде претставена и првата пилот-фарма на г-дин Роберт Шиникоски од с. Велестово.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани