Напаѓачот ја следел малолетничката до влезот од зградата и тука ја нападнал.
Нападот врз малолетничката се случил вчера утро околу 01 часот и 10 минути а истиот ден напладне во Секторот за внатрешни работи Охрид, го пријавила мајката на малолетничката. Според полициското соопштение,вчера во 12 часот, 40-годишна жена од Охрид пријавила дека истиот ден околу 01,10 часот додека нејзината 16 годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од Н.Т од Охрид и пред влезот од нивната зграда истиот почнал да ја допира по телото. Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т.избегал од местото на настанот.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека за настанот известен бил Јавен обвинител и посебно нагласува дека СВР Охрид ги презема сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот.
