Една од централните лаборатории во земјава ќе е во Охрид

Во земјава ќе се централизираат лабораториите за анализа на крв.

Македонија ќе има централизиран систем на анализи на крвта. Еден од центрите каде ќе се вршат анализи ќе биде и Охрид. Во осумте лабораториски центри во поголемите градови, анализите и резултати ќе им бидат испратени преку електронски систем од матичните лекари.  Место 112 магацини низ земјава во кои сега се чуваат реагенсите, ќе има 8, каде ќе има одговорни лица кои ќе минат специфична обука.Со проектот е предвидено лабораторискиот информативен систем да ги собира податоците за тестовите на сите пациенти од сите лаборатории на едно место.Ова значи дека граѓаните на руралните средини нема да патуваат за подетални анализи низ поголемите градови, туку преку матичните лекари анализите ќе бидат пренесени до најблискиот лабораториски центар. Министерот за здравство изјави дека оваа метода се аплицира во многу европски развиени земји, а додаде дека преку оваа метода државата ќе заштеди огромен износ на пари и ќе има контрола врз трошоците за тестирање.Според министерот, се намалува бројот на апаратите за тестирање крв кои моментално изнесуваат над 300, а ќе се намалат за 120. Со ова ќе се намали снабдувањето со реагенси кои моментално се вишок и се фрлаат бидејќи не можат да се искористат.Две од Центрите каде ќе се вршат анализи ќе бидат во Скопје, а по еден во Тетово, во Битола, Штип, Охрид, Струмица и во Куманово. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани