Вљубениците во Охрид, постојано имаат нови идеи за промоција на „македонското делче од рајот“.
Тони Павловски или @WaiterMKD започна нова промотивна кампања „#OhridForYou2018“.

Промотивната кампања на социјалната мрежа „Твтер“, за само еден ден предизвика оргомен интерес.
Целта е на прагот на туристичката сезона 2018 да се привлечат што поголем број на туристи.
-„Целта е промоција на Охрид, споделување на слики од Охрид, предлози за посета на места и објекти. Интересно е што за само 24 часа кампањата доживеа невиден успех“, вели Павловски за Охриднет.
Инаку Тони, дипломира на Факултетот за туризам во Охрид, тој е поранешен соработник на Охриднет.ком.
