Единаесеттата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 14 овој месец во 11 часот.
На седницата што ќе се одржи во зградата на Општина Охрид предложен е следниов дневен ред:
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за степен на ограничување на паркирање (зонско паркирање) во општина Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид бр. 02-480/4 од 14.05.20018 година.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортски објекти и паркинг-простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“-Охрид бр. 02-529/3 од 29.05.20018 година.
Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на специјализирани садови за собирање на отпад од пакување, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.
Предлог Одлука за определување на ширината на крајбрежниот појас на пороен водотек на дел од кп 3629/1, дел од кп 2752/2, дел од кп 2745/1, дел од кп 2753, дел од кп 2747/3, дел од кп 2746/3, дел од кп. 2745/4, дел од кп.2755, дел од кп 14, дел од кп 16, дел од кп 15/1, дел од кп 26/1, КО Елшани, Општина Охрид.
Предлог одлука за давање согласност на Планот за изменување на годишниот план за вработување за 2018 година.
Предлог-одлука за донесување на Правилник за субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност.
Предлог-одлука за прифаќање донација – Реконструкција на детска градинка „Развигорче“ – Охрид.
Предлог-одлука за формирање локален совет за превенција за подрачјето на општина Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“- Охрид.
Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Градски гробишта“-Охрид.
