Министерот Сугарески на увид на автопатот Охрид Кичево

 

Министерот за транспорт и врски Сугарески, денес ќе изврши увид во изградбата на автопатот Охрид Кичево.

Увидот ќе биде извршен кај тунелот близу местото Извор, од страна на Кичево. За изградбата на делницата долга 57 километри се предвидени 374 милиони евра од EXIM BANK и од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.Вкупниот прогрес на градежните работи е 60 отсто. За проектот е потпишан Анекс на договорот за продолжување на рокот до 30 јуни 2021 година.

Вицепремиерот пред два дена најави дека проектот е одблокиран, со што продолжува реализацијата на најголемиот капитален проект во Југозападниот регион во земјава.

 

Сугаревски деновиве изврши увид и на реконструкцијата на државниот пат Гостивар Колари. 

Во однос на проектите кои ќе се реализираат во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во западниот дел на Македонија,  изјави дека покрај рехабилитацијата на овој пат, оваа година ќе започне и реконструкција на магистралниот пат Колари – Кичево, а паралелно се одвива и проектирање за изградба на нов автопат Гостивар – Кичево. Изградбата на новиот автопат ќе се одвива во три фази. Во тек е изработка на основен проект за изградба на првата фаза Кичево – Букјачани.

Директорот на ЈП за државни патишта, пак,  истакна дека рокот за реализација на проектот за рехабилитација на државниот пат Гостивар – Колари е продолжен до ноември, а во меѓувреме се санираат и 5 мостови на овој патен правец, со што до крајот на ноември оваа година ќе имаме комплетно рехабилитиран пат.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани