Диви туристички посредници низ Охрид ги „ловат“ туристите.
На велосипеди, на мотори и пеш ги бркаат гостите низ градските улици. Нудат сместување, авантури, патувања, храна и уште многу услуги а за сето тоа дебело заработуваат без денар данок, земајќи им го лебот на легалните туристички работници.
-„Мои закажани гости, кои имаа резервирано во нашите апартмани ги пресретнал еден од неколкуте диви туристички посредници и ги однел во друг сместувачки капацитет во градот. Ние плаќаме даноци, вработени и легално работиме преку цела година, чекајќи ја сезоната за некој од пред врата да ни краде гости! Вистиснки срам за градот. Време е инспекторите да порааботат на отстранување на дивите туристички посредници и да стават ред во градот“, раскажува сопственик на вила во Охрид.

На оваа фогтографија е еден од дивите туристички посредници, затекнат на лице место како „лови“ туристи со моторот низ центарот на градот!
На дивите посредници се жалат и туристичките агенции, бидејќи токму нив им го земаат лебот.
-„Од дивите подвижни туристички агенции неможеме плата да извадиме. Подвижни низ градот на повеќе локации ги малтретираат гостите, честопати ги лажат, манипулираат и крадат“, велат од една туристичка агенција за Охриднет.ком.
