Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна отпочнува во Охрид.
Охрид е домаќин на исклучително значаен меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна , здравје и нутриционизам што ќе трае до петок.На конгресот, како што пишува МИА, ќе присуствуваат над 150 научници, истражувачи, експерти, како и претставници на владини и невладини претставници кои работат во областата на производството и преработката на храна, квалитетот и безбедноста на храната, нутриционизмот, хигиенското инженерство и дизајн, иновативните технологии и новите трендови во прехранбената индустрија.Конгресот се оджува во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн и Иницијативата за глобална хармонизација.
