Во Струга ќе се одбележи Денот на Охридското езеро

Годинава   по 18-ти пат ќе се одбележи Денот на Охридското езеро. Домаќин на централната свеченост овој пат е  градот Струга.

 Свеченоста започнува во  10 00 часот на Градската плажа во Струга.

Пред присутните ќе се обрати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, а потоа и неговите колеги  градоначалниците на Охрид и Поградец, Јован Стојановски и Едуард Капри.

Предвидена е богата културно-уметничка програма, изложба на фотографии.  Во рамки на активностите за одбележување на Денот на Охридското езеро, во сабота, 23-ти јуни, ќе се одржи кружна велосипедска тура околу целата негова должина.

Трите  општини на брегот на Охридското езеро: Охрид, Струга и Поградец,  пред 18 години  потпишаа меморандум за разбирање и заштита на езерото и на 21-ви јуни со различни активности, наизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското езеро.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани