Албанец фатен со триесет килограми охридска пастрмка на Ќафасан.
-„30,6 килограми охридска пастрмка и 10 парчиња рибарски мрежи со должина од по 100 метри, откриени при контрола на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените риби и рибарски мрежи се пронајдени пред сите 4 седишта на возилото и биле покриени со патосници. Истите се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка“ , информираат од Царинската управа на РМ.
